На последната анкета на „Внимание, внимание“ објавена на „Трн.мк“ граѓаните кажуваат дека автобусите во Скопје не само што доцнат редовно, туку доста често се случува и воопшто да не дојдат на станица.
Граѓаните низ главниот град кажуваат дека поради доцнењето на автобусите, кое доста често е 10 до 15 минути, доцнат на работа, а други раскажуваат дека се случувало некои линии да доцнат и по еден час или воопшто да не дојдат.
Анкетираните граѓаните исто така не веруваат дека ќе се исполни ветувањето за набавка на нови автобуси и бесплатен превоз во Скопје, бидејќи како што велат едно е ветување, друго е остварување.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.