469
ДУИ организира внатрепартиски избори во нејзините ограноци во Тетово, Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Желино, Теарце, Арачиново, Чашка, Студеничани, Брвеница и Долнени.
„Според Статутот, членството е слободно и доброволно бидејќи ДУИ е отворена за сите граѓани на Република Северна Македонија“, соопштија од партијата.
Во овој изборен процес, се додава во него, се применува принципот утврден во статутот усвоен на последниот партиски конгрес – еден член еден глас.
„Овој принцип ќе ги определи претседателите на локалните ограноци на ДУИ кои веќе се на внатрепартиски избори“, велат од ДУИ.
Од партијата посочуваат дека во сите ограноци процесот на онлајн зачленување веќе е почнат и истиот процес се очекува да заврши до месец јуни ова година.