469
Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи ќе го истражува синоќешниот случај во Бутел во кој се вмешани двајца припадници на специјалната единица Алфи.
– Во сите случаи кога има инволвирани вработени во МВР, се известува и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и доколку се обезбедат докази дека сториле кривично дело или прекршок со елементи на насилство, против нив ќе бидат преземени соодветни мерки – велат од МВР.