Внатрешна контрола го испитува инцидентот меѓу двајцата полициски службеници во Тетово

by fokus

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи.

-Во СВР Тетово во 16 часот е пријавен инцидент кој се случил на крстосниците на улиците 120 и Борис Кидрич во кој се инволвирани двајца полициски службеници. За случајот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди, соопштија од СВР Тетово.

Претходно, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за МИА потврди дека е пријавен инцидент што се случил попладнето и оти постапува одделот за внатрешна контрола при МВР, но не соопшти информации за учесниците во инцидентот.

Поврзани новости