Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата најави дека во вторник во Брисел, кога треба да се одржи првата меѓувладина конференција, ќе ја чита отварачката изјава на македонски јазик.
– На 19 јули во Брисел, отварачката изјава ќе ја читам на македонски јазик, рече Ковачевски.
Прашан дали доколку во текот на преговорите, некоја држава ни го оспори јазикот и идентитетот, ќе се повлечеме од преговорите, Ковачевски со став дека таква ситуација нема бидејќи во преговарачката рамка јасно е наведено дека државата ги отпочнува преговорите на македонски јазик.
Во однос на Протоколот, Ковачевски соопшти дека е задолжен министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што денеска ги изгласа Собранието и најави дека медиумите во текот на денот детално ќе бидат информирани за целиот процес.
– Во текот на денот, министерот за надворешни работи директно и подетално ќе ве информира во однос на целиот тој процес и граѓаните преку медиумите ќе бидат инфрмирани и за процесот и за содржината, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.