Под државен инженеринг со водство на ВМРО-ДПМНЕ го разнебитивме сопствениот идентитет, а „чудовиштата“ од Скопје 2014 се рани на лицето на терминално болен човек на СИДА,вели професорот и архитект Мирослав Грчев во емисијата „Утрински брифинг“.
„Таа заробена политика беше фашистичка диктатура, институциите покажаа дека и после 5 години, општеството не е во состојба да ги исчисти. Тоа не е ништо страшно, не чини нешто пари. Процесот на наше умирање, вмровското владеење на Груевски го извади на плоштадот со овие грозни скулптури. Спомениците зрачат со кич. Срамота е што не само што не ги отстранивме досега, ниту започнавме дебата околу нив. Што ќе помислат нашите деца кога ќе видат споменик на најцентралниот дел, ставаме кич од некадарна димензија со чудовишни димензии, додава Грчев.