ВМРО спрема црна кампања и кривични пријави против мене, вели Филипче

by fokus

Имам информации дека тајниот оперативниот штаб за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ спрема црна кампања против мене. Информациите се дека подготвуваат и фабрикувани кривични пријави со цел да ме замолчат или заплашат, изјави денеска од Гевгелија носителот на изборната единица 4 од СДСМ, Венко Филипче.

-Им порачувам дека таквите стратегии само ќе ги влечат повеќе кон дното. Притисоците воопшто не ме плашат, а не треба да се грижат ни граѓаните. Тајните оперативни планови со кои ја фабрикуваат реалноста не поминуваат. Граѓаните одамна го изгубија стравот од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволат пак да бидат изманипулирани.Јас, од друга страна, имам зад себе и дела, а и конкретен план за во иднина. Тука сум да им ги презентирам нашите планови на граѓаните, да се сретнам со што поголем број на луѓе и да понудам помош и поддршка секаде каде што можам, рече Филипче.

 

Поврзани новости