СДС денес е директен наследник на идеологијата на југословенскиот тоталитарен комунизам кој е одговорен за масовните кршења на човековите права, тортурите и апархејдот врз делови од македонската интелигенција, како и врз илјадници граѓани кои имаа автентична македонска национална свест, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ не се огради од Ванчо Михајлов.
-Истовремено, фактот дека и денес од СДС јавно не се дистанцираат од злосторствата на партијата чии наследници се, говори и за тоталитарната свест на актуелната генерација скриени социјалдемократи, а во суштина тоталитарни умови преокупирани само со идеи за лично богатење и народен грабеж. Впрочем, масовните кршења на човековите права денес, неправедните притвори и затвори, како и прислушувањето и следењето на опозицијата се само мал изблик на оваа иста авторитарна политичка траекторија која без прекин се простира од времето на Колишевски и Ранковиќ па сé до Ковачевски, Заев, Спасовски и Зечевиќ.
Оттаму, крајно шизофрени, лицемерни и смешни се обвинувањата на СДСМ за наводна блискост на ВМРО-ДПМНЕ со некаква тоталитарна идеологија. Во немоќта да ја скријат својата тоталитарна природа и восхитеност од злото на комунизмот кое е осудено од цела Европа, СДС ја користи старата добра тактика со сеење на лаги и етикетирање. Но, сепак суштината сите знаат дека не е дебата за Михајлов, туку болната реалност во кој СДС ја донесе Македонија во подредена положба во однос на Бугарија, велат од партијата.