532
Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност, отвораме дилема дали Зоран Заев вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев на фејсбук напиша дека опозицијата „за пуста желба за власт е спремна државата да ја носат низбрдо, а народот да страда“.
„Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ? Кога збори Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК. Единствено Заев е загризен за фотелјата не и за иднината на државата“, стои во реакцијата на партијата на Христијан Мицкоски.