517
„Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Втората веројатност е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека нивните позиции се јасни дека нема да има Уставни измени по бугарски диктат.
СДСM не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив, затоа што не ја дава ДУИ во опозиција и подготвува национално прeдавство, Соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Секојдневно владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ си префрлаат една на друга што било прифатливо а што не по лидерската средба, што минатата недела се одржа меѓу премиерот Димитар Коваќевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
„ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик.
СДСМ место да спинува и да манипилира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа“, пишува во соопштението до јавност на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија тоа што владејачката СДСМ не кажува кој предлог за нив е прифатлив може да значи две работи.
„Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Втората веројатност е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија велат дека нивните позиции се јасни дека нема да има Уставни измени по бугарски диктат.
„Јасно е дека власта на СДСМ нема дво-третинско мнозинство и нема да го има додека не застане во одбрана на националните и државните интереси. Јасни се и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои му беа кажани на Ковачевски, и конечно треба да каже дали и кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа. Без заобиколување СДС треба да даде конкретен одговор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.