Добро е да и се објасни на јавноста како е реализирано интервјуто со Димитар Ковачевски којшто најави дека од 3 август е на одмор во странство во досега необјавена држава и локација, дали е однапред направено или истото е направено од плажа или е напишано на друг начин – вака ВМРО-ДПМНЕ реагира на интервјуто на Ковачевски за МИА, во кое, меѓу другото, рече дека потребен е национален, општествен консензус за членство во ЕУ.
Ковачевски: Потребен е национален консензус за членство во ЕУ!
„Тоа што е суштинско и што недостасува во ламентирањето на Ковачевски во интервјуто е зошто беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општествен и политички консензус пред да прифати преговарачка рамка со ЕУ со која Бугарија ќе има можност и ќе ја искористи таа можноста да ја блокира Македонија секогаш кога нема да бидат исполнети иредентистичките, антимакедонски диктати од Софија? Над 80 проценти од граѓаните, јавноста и експертите се против промена на Устав под бугарски диктат“, стои во реакцијата на опозициската партија.