Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашните преговори за медиумоите согласно договорот од Пржино, преку претставникот Никола Тодоров, предложила низа сугестиции во однос на Агенцијата за медиуми и за Македонската радио-телевизија, според повеќе европски искуства и практики.
Според партијата, Агенцијата треба да остане на сегашните 7 члена, со тоа што по двајца ќе предлагаат Здружението за новинари и Македонска асоцијација на медиуми (еден од нив да доаѓа од националните медиуми), а по еден член да предлагаат МАНУ, Адвокатската комора и Интеруниверзитетската конференција.
Што се однесува до финансирањето на МРТВ, Тодоров го изнел партискиот предлог медиумот наместо досегашните 0.14, да добива 0.17 отсто од државниот буџет, а воедно да остане обврската граѓаните да плаќаат радиодифузна такса.
ДПМНЕ предлага сто дена пред избори медиумот да има двајца уредници, по еден на предлог на власта и на опозицијата, додека во вестите секоја партија да добва онолку простор колку што освоила гласови на последните избори.
За опозицискиот СДСМ овие предлози се неболузни и оваа партија целосно стои зад предлогот на посредникот Питер Ванхојте, кој вмровците го одбија бидејќи го немало во ниту една европска земја.
Според овој предлог за деполитизација на медиумите, членовите на Агенцијата треба да ги избира парламентот со двотретинско мнозинство на предлог на новинарски и други невладини здурженија поврзани со медиумите, јавниот сервис да се финансира со еден процент од државниот буџет, а да се емитуваат само реклами од јавен интерес.
На вчерашната средба владејачката партија побара со закон да се регулира владиното рекламирање, но не прецизирала што треба да соддржи овој закон.