Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција за раководството на Нефрологија, односно до организацискиот директор на клиниката.
Од партијата прашуваат зошто овој опозициски кадар брза со нов тендер за молерисување на ѕидовите на Клиниката кога истото е сторено неодамна.
„На Клиниката за нефрологија раководството или се спрема за заминување или организацискиот директор до последен момент по секоја цена треба да реализира тендер за молерисување на ѕидови“, се вели во партиската реакција.
Од таму прашуваат која фирма го добила тендерот за изведување на зафатот, за каква набавка станува збор и за која сума е добиена услугата.
„Дале се безбедни пациентите? Дали се постапува по процедурите предвидени со Закон и дали се испочитувани насоките на Инспекторатот во вакви случаи“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.