ВМРО планира да има и кандидати-Албанци за пратеници

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ планира на следните листи за пратеници да има и кандидати Албанци. Претседателот Христијан Мицкоски вели дека е во контакт со Албанци и потенцијални кандидати од други етнички заедници. Опозицискиот лидер го повтори ставот дека ВМРО на следните избори цели да освои најмалку 61 пратеник, а приоритет за партнерство ќе има албанската опозиција.

-Зошто да не кога имаме членство од сите етнички заедници. Македонија им припаѓа на сите луѓе. Ова е нашата кампања. Секој што има амбиции, квалитети и одговорности да работи за Македонија и да не се срами како оние министри што се срамат да покажат дека се македонски министри и се срамат да се сликаат покрај македонското знаме, се добредојдени – рече Мицкоски.

Тој додаде дека активната блокада не е инстант акција.

-Во понеделник на седница на Извршниот комитет, ќе се отвори дискусија и за вториот, и за третиот чекор – рече Мицкоски.

Поврзани новости