Во услови на длабока сиромаштија, кризи и несигурност Ковачевски и Зечевиќ со крајно потценување се расфрлаат со пари буквално фрлајќи му во уста на сиромашниот народ, обвини денеска на прес – конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и објави видео на кое лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ им даваат пари на свирачите најверојатно при славењето на победата на нивните кандидати во Маврово Ростуше и Центар Жупа.
-Ковачевски и Зечевиќ се обидуваат со пари да ја надоместат поддршката од народот, свесни дека ја немаат, дека Македонија е се подлабоко во кризи, а виновници се токму СДСМ.
Расфрлање со крадени пари не ја гради довербата. Полнењето уста со пари не ја решава сиромаштијата. Напротив. Расфрлање со пари се случува кога тие пари се крадени и не се чесно заработени.
СДСМ, Ковачевски и Зечевиќ мора јавно да се извинат за понижувањето на македонскиот народ со овој врв на лицемерието, изјави Стоилковски.