ВМРО-Народна партија денеска преку соопштение вели дека се согласува дека името на Ванчо Михајлов не е соодветно избрано за да претставува културен клуб во Македонија, но и бара од Министерството за правда да ги идентифицира политичките партии кои веќе се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов и да се поведе постапка за нивна забрана во Македонија.
-Во исто време сметаме дека дојдено е време македонската историографија да ни каже, ако веќе Ванчо Михајлов претставува толку црна личност, тогаш зошто светлите личности кои се бореа против него исто така ги нема во македонската историја и се комплетно избришани, а притоа се членови на ВМРО-Обединета, односно прогресивни и национално освестени Македонци.
Сакаме да спомнеме само некои од нив:
– Владимир Поп Томов
– Петар Шанданов
– Методија Шаторов Шарло
– Антон Југов
– Георги Пирински
– Васил Ивановски
– Лев Главинчев
– Пеце Трајков
Ова се главните личности кои водеа борба против Ванчо Михајлов, зошто овие личности ги нема во македонската историја, велат од партијата.