405
Никакви промени нема да се случат со менувањето на раководството на ВМРО ДПМНЕ, велат денеска од ВМРО Народна партија.
-Сè додека Никола Груевски е на чело на оваа политичка партија, не е возможно партијата да се демократизира. ВМРО-ДПМНЕ долги години ќе остане опозициска партија. Рибата смрди од главата, а не од опашката. Значи штом главата е останата на чело, тоа значи дека нема да дојде до никакви промени, ниту до демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. И сè додека на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Никола Груевски, тоа значи дека партијата ќе биде долги години во опозиција на македонската политичка сцена, изјави Слободан Близнаковски од ВМРО Народна партија.