ВМРО-Народна партија на експремиерот Љубчо Георгиевски реагира дека опструкцијата на измените на Изборниот законик со цел формирање на една изборна единица е дело на непринципиелната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Не нѐ изненадува постапката на старо-новите партнери. Илјадниците амандмани на контото на предлог-законот за измени во Изборниот законик го покажува нивниот страв но и „демократскиот“ порив на политичките партии кои самите милуваат да се препознаваат како „демократски“, се наведува во партиската реакција.
Од таму посочуваат дека едната изборна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија односно, како што велат, ќе отвори широко поле за фер натпревар помеѓу сите партиско-политички чинители во државата.