ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата околу Државната лотарија и во контекст на тоа предлагаме вклучување на Р.С. Македонија во рамките на Европската лотарија и во веќе постоечките транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“ со можност за нејзино односно учество на нејзините државјани во игрите на среќа организирани од страна на Европската лотарија, велат од ВМРО-НП.
„Со ваквиот чекор ќе се овозможат повеќе видови на игри на среќа кои ќе овозможат пак да со исти уплати како и до сега граѓаните играат и за добивки од 80.000.000 евра но и надворешна европска контрола која ќе превенира во однос на некакви малверзации во поглед на организирањето и реализирањето игри на среќа.
По воспоставувањето на ваквиот систем, ВМРО-Народна партија предлага и укинување на институцијата „Државна лотарија“ од проста причина што покрај сите досегашни нерегуларности во која била вклучена и самата институција се нанесува и непотребна финансиска штета која во голема мера влијае на финансиското работење на Р.С. Македонија.
Воедно ВМРО-Народна партија дополнително предлага и укинување на институцијата „Фонд за иновации“ затоа што само во последниот период од 10 години токму таа институција бележи расфрлање на буџетските пари без конкретни резултати при реализација на финансирани „иновативни проекти“.
Сведоци бевме на бизарни проектни предлози кои низ годините успеале да приберат огромна сума на буџетски финансиски средства без финален производ за кој биле и финансирани“, соопшти ВМРО-НП.