ВМРО-НП: По 15 години дојде Влада која повторно ќе обрне внимание на културното наследство на Охрид

by fokus

Партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-НП, ја поздрави „отворената врата“ на премиерот Зоран Заев за помош на градот Охрид. Од нивната општинска организација во Охрид ја поздравија средбата на премиерот со челниците на локалната самоуправа од Охрид. Според ВМРО-НП, Заев на овој начин, покажал една нова култура на практикување политиката во Македонија.

Во писмено соопштение до јавноста тие велат дека се задоволни од фактот што после 15 години, од кога владата на Љубчо Георгиевски кој направи ренесанса на Охрид и неговото културно наследство дојде влада која повторно ќе обрне внимание на Охрид.

„Како партија не можеме, а да не го искажеме задоволството од овој процес кој покрај тоа што е од најдиректен интерес на граѓаните на Охрид, претставува и еден нов начин на практикување на политиката кој до скоро не беше замислив. Јавноста ја потсетуваме дека ВМРО-НП од 2009 година во повеќе наврати бараше од актуелната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и од поранешната централна власт, исто така на ВМРО-ДПМНЕ, да го реши проблемот со одделување на колекторскиот систем и ставање под државна капа, како и давање банкарски гаранции за раздолжување на Охрид“, велат во соопштението од ВМРО-НП.

Поврзани новости