ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија и истакна дека во своите определби и програмски цели е за целосна интеграција на Северна Македонија во НАТО, што е патем постигнато и го докажуваме со државните активности и Северна Македонија – земја членка на Европската Унија, чиј процес е веќе започнат преку договорот за почеток на преговорите и започнатиот скрининг процес.
-ВМРО-Народна партија е меѓу првите политички партии која го поддржа и гласаше „ЗА” Европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ во јули оваа година. Во овој процес поддржуваме и придонесуваме со своето дејствување за побрзо и поуспешно завршување на, во прво време скринингот, а потоа и преговорите по поглавја.
ВМРО-Народна партија активно ќе поддржи промена на Уставот во насока на пристапните преговори со ЕУ, со проширување и додавање во Уставот како на Бугарите, Хрватите и Црногорците така и на сите останати делови од народи кои ќе изразат волја и барање да бидат застапени во самиот Устав. На овој начин суштински ќе докажеме дека Северна Македонија е демократска држава која ги почитува правата на народите кои се застапени и живеат во државата, а со тоа се почитуваат и Европските вредности за демократизација на општеството, соопштија од партијата.