ВМРО-Народна партија покажа загриженост поради последните настани од прославата на Илинден во Крушево.
-Големиот македонски државен празик наместо да биде предмет на сплотување и заедништво се претвори во настан кој разединува, создава конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури. Но очигледно ова не се случува само оваа година туку со децении наназад, ако го анализираме прославувањето на Илинден во Крушево очигледно од година во година се повторува истото непишано сценарио на поделби, се вели во соопштението.
ВМРО-НП има предлог како да се надминат ваквите проблеми во иднина.
-Со цел да се надмине ова сквернавење на овој најголем македонски државен празник, ВМРО-Народна партија предлага, а се надеваме ќе добиеме согласност и поддршка и од другите политички структури за оваа идеја, да од идната година политичките говори бидат изоставени, а во Крушево да има само културно – уметничка прослава на која се надеваме обединети ќе дојдат граѓаните од сите политички бои, а притоа политичкиот дел односно политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија, соопштија од партијата.