377
Поради подолготрајната внатрешна политичка криза и отсуството на општ политички конзензус за нејзино разрешување, како и јаловата и неодговорна надворешна политика, ќе останеме на крајот на агендите на ЕУ и на НАТО, велат од ВМРО-Народна партија откако Европската Комисија и додели статус за асоцијација и стабилизација на Косово со ЕУ.
„Сите политички субјекти во земјава да се однесуваат рационално во овие преостанати неколку месеци, да ги искористат сите демократски средства и цивилизиран политички дијалог, со цел да не биде остварено се поизвесното одземање на препораката за започнување на преговорите со ЕУ“, апелираат од НП.