ВМРО-НП го обвинува министерот за здравство, Арбен Таравари, за недоволна застапеност на Македонци во тетовските здравствени установи. Од општинскиот комитет на партијата во Тетово испратија реакција до Таравари за непочитувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Ако во договорот стои дека основно начело е правичната застапеност тогаш Тетово е пример за класично избегнување на основните принципи од Охридскиот рамковен договор, кога се во прашање Македонците. Имено, почитуван министре ве прашуваме, зошто во Клиничка болница, Здравствен дом, Завод за здравствена заштита и Фондот за здравство немате назначено барем еден директор – Македонец во овие институции? Доколку Тетово е мултиетнички град, тогаш се прашуваме, дали Вие знаете дека тука живеат Македонци и дали со ваков однос придонесувате за непочитување кон нив?“, велат од партијата.
Тие прашуваа зошто за оваа состојба не реагираат и општинските комитети на двете најголеми партии од македонскиот блок.