ВМРО-НП: Државата преку својот орган на јавен обвинител арогантно прави пародија од правниот систем

by Fokus

„За ВМРО-Народна партија судењето во Битола на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љупчо Георгиевски како претседател на клубот „Ванчо Михајлов“ отсега па натаму ќе биде третиран како политички монтиран процес“ велат од партијата чиј лидер е екс премиерот и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.

Оттаму наведуваат „за жал државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија“.

„Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој пак е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб. За жал во Северна Македонија денеска се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а да не зборуваме дека сево ова е своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција“ велат од ВМРО-НП.

Предлагаат веднаш да се прекине со „овој карикатурален судски процес“.

 

Поврзани новости