ВМРО-Народна партија смета дека бугарскиот парламент со одлуката да го поддржи „францускиот предлог“ и да даде согласност да биде тргнато ветото кон Северна Македонија, де факто ја поништува Декларацијата на бугарскиот парламент од 2019 година со која беше поддржана познатата Рамковна позиција за Македонија.
„Со Рамковната позиција, од Северна Македонија се бараше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски. Сметаме дека тоа е голем напредок во корист на нашата држава“, велат од ВМРО-НП.
Од партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски оценуваат дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции и ги повикуваат македонските власти да не ја испуштат оваа шанса.