ВМРО-НП бара кратење на мандатот на техничката влада од 100 дена на еден месец

by Фокус

ВМРО-Народна партија предлага од следните редовни парламентарни избори да се модификува концептот на техничка влада во насока на, велат од партијата, да се намали времетраењето од сто дена на еден месец пред одржувањето на изборниот процес.

„Ваквата промена се предложува од проста причина што периодот од сто дена одзема премногу време и простор за работа на претходно избраната Влада. Со ваквиот потег Македонија ќе докаже дека е демократски созреана и дека е конечно спремна да се носи со демократските предизвици кои произлегуваат од принципите врз кои се води и управува оваа држава“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

Поврзани новости