371
ВМРО-Народна партија поддржува предвремени парламентарни избори како единствен легитимен пат за излез од длабоката политичка криза во Македонија.
„Во услови на крајно сложени состојби, предизвикани од меѓупартиска поделеност до степен на неподносливост, измалтретирани граѓани и дезориентирани неопределени гласачи, се позаострени меѓуетнички односи, влошена економска состојба предизвикана од кревката безбедносна ситуација и нарушениот углед кај меѓународната заедница, потребно е итно решавање на кризата“, соопштија од партијата.
Од таму бараат Македонија да биде една изборна единица, без поставување квалификациски изборен праг.