744
Влатко Ѓорчев, Илија Димовски и други искусни пратеници не се најдоа на пратеничките листи поради концептот главно да одиме со нови лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не се откажуваме од нив, имаат големо искуство и придонеле многу, но концептот за овие избори е нови луѓе. Сметаме на нив во извршната власт – вели за Фокус висок партиски функционер.
Од долгогодишните истакнати пратеници на ДПМНЕ, на пратеничките листи не се најдоа Ѓорчев и Димовски, но втор на листата во петата изборна единица е Антонијо Милошоски.