Откако Артан Груби е поставен за главен координатор за спроведувањето на градежните активности на коридорот 8, ВМРО-Народна партија поднесува иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и врски како и за укинување на Јавното претрпијатие за државни патишта.
-Не само што воопшто не држи фактот што еден министер за политички систем опслужува и води уште неколку државни функции туку не постои никаква поврзаност на министерството за политички систем со ниту една од останатите функции, а особено не последната, координатор за спроведување на градежни активности на коридорот 8.
Со оглед на ваквата одлука ВМРО-Народна партија прашува дали сите функции и надлежности на Министерството за транспорт и врски како и на Јавното претпријатие за државни патишта се префрлаат во Министерството за политички систем, велат од партијата чиј претседател е Љубчо Георгиевски.