ВМРО-Народна: Која историска комисија донесе одлука великосрпската окупација во Македонија да биде прогласена за општа историја

by Fokus

„Вчера на српските воени гробишта во Битола, а во присуство на македонскиот потпретседател на владата и градончалникот на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со српски старешини и политичари повторно бевме сведоци на македонска прослава на српската окупација овој пат за време на Првата светска војна“, соопшти ВМРО-Народна партија.

„Прославите на нашето најцрно ропство кои изминатите месеци ги гледавме на Кајмакчалан, битката на Брегалница, прославата кај Зебрњак, овој пат се прошируваат и на Битола.

Очигледно празниците од времето кога Македонија била Вардарска Бановина, а Македонците, Срби, секој месец добиваат свое проширување и надоградување.

Александар Караѓорѓевиќ кој македонските комунисти го нарекуваат „монархофашист“ станува „ослободител на Македонија“ во време кога во С. Македонија владее партија која го носи името на ВМРО.

Затоа ВМРО-Народна партија повторно отворено ја прашува македонската власт, со која историска комисија донесе одлука великосрпската окупација во Македонија да биде прогласена за општа историја, а власта на ВМРО ја прашуваме до кога ќе ја витка кичмата пред оваа брутална негација на македонската историја?!“, соопштуваат од ВМРО-Народна партија.

Поврзани новости