476
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница одлучил во наредниот период да организира антивладини протести, поради тоа што СДСМ погрешно ја води државата, како и поради криминалот и корупцијата.
Од опозициската партија информираа дека првиот протест се планира за среда, на точно една година од, како што велат од таму, најцрниот и најмонструозно конструиран процес во кој што пратеници, уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам.
Исто така, ДПМНЕ одлучил да објави и јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.