ВМРО му врати на Груби: Километар автопат во Србија чини 7, а кај нас 20 милиони евра

by Фокус

Реагирајќи на фејсбук-објавата на вицепремиерот Артан Груби посветена на отворањето на делница на автопат во Србија, која ја гради компанијата „Бехтел“, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, смета дека „освен фабрика за пари, Груби станува и фабрика за лажни вести“.

„Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер, со договор напишан во 4 очи. Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1 350 милијарди евра. Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени“, вели Јаревски.

Сепак, тој посочува дека ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат и дека тој е дел од Коридорот 8 кој го има и во нивната партиска програма, но дека тие се против „пљачката на векот каква сега имаме пред очи“.

Груби до опозицијата: ВМРО и Левица лажат, Бахтел во Србија гради без тендер

 

Поврзани новости