ВМРО ќе ја поддржи Даниела Арсовска за градоначалник на Скопје

by fokus

На претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе му се спротивстави на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со Даниела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори, потврдија за Фокус од опозициската партија.

Како што велат високи партиски извори, Арсовска ќе настапи како граѓански кандидат, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, партијата наскоро треба да ги официјализира и кандидатурите на Орце Георгиевски за Кисела Вода, Бобан Стевковски за Гази Баба, Александар Стојковски за Ѓорче Петров…

В.С.

Поврзани новости