544
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика членството да го бојкотира претстојниот референдум или пак ќе го повика да гласа „против“.
-Партијата летово има акција „Лето за Македонија“ и во нејзини рамки се консултираме со многу граѓани на дневна основа, со членовите и раководството на партијата и општинските комитети. Впрочем, кампањата за референдумот почнува на 10 септември. Дотогаш се надевам дека оваа акција ќе трае така што јавноста благовремено ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицковски.
Тој истакна дека нивниот став во однос на ова прашање останува дека се против промена на Уставот со цел промена на уставното име.