Александар Јовановски, кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, освои најмногу гласови во првиот изборен круг.
Според податоците од Државната изборна комисија, за него гласаа 8.801 граѓани, или 256 гласачи повеќе отколку за актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, коj поточно освои 8.545 гласови.
Притоа, значителен број од 4.527 гласови освои третопласираниот Фатмир Лимани, кој е поранешен функционер на ДУИ и внук на партискиот лидер Али Ахмети.
Тој влезе во оваа трка како независен кандидат, обивнувајќи го актуелниот градоначалник од ДУИ Дехари дека му биле доволни два мандати и дека ништо посебно не направил за граѓаните на Кичево.
Тој ја доби поддршката од опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива, а СДСМ во оваа општина не кандидираше кандидат и го поддржа Дехари.
Во вториот круг влегуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со тоа што и двете партии велат дека очекуваат победа и дека очекуваат поддршка од оние што гласаче за Лимани.
Од ДПМНЕ велат дека нивниот кандидат Јовановски покажува натетнички капацитет, додека од ДУИ велат дека гласовите за Лимани, сепак, се гласови на ДУИ, кои, како што тврдат од таму, ќе ги добијат во вториот круг.