ВМРО ги осуди заканите од братот на Асани кон Селмани: Пајакот мора да биде сопрен!

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди заканите кои му биле упатувани на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, од страна на братот на функционерот на ДУИ Бекир Асани во врска со инциндентот што се случи кога пакај-служба, во асистенција на полицијата, се обидела да го отстрани неговото непрописно паркирано возило.

„Пајакот мора да биде сопрен! Колку и да звучи иронично, неказнивоста и селективната примена на законите само предизвикуваат охрабрување на насилството. Со жалење констатираме дека ваквите појави се последица на инертноста и неодговорноста на МВР која наместо соодветно да ги санкционира политичките насилници, ги заштитува и ги забошотува случаите на насилство и закани“, стои во партиската реакција.

Од таму додаваа дека сторителите и се добро познати на полицијата, ама министерот Оливер Спасовски, Владата на СДСМ и надлежните институции се прават слепи при очи и глуви при уши.

„ВМРО-ДПМНЕ принципиелно бара да се санкционира секој облик на закани и насилства, особено кон новинарите и медиумите, кои до ден денес власта на СДСМ не ги процесуирала. Ваквото однесување на структурите на СДСМ само покажуваат за какво лицемерие се работи и нивната неподготвеност да се спотивстават на подземјето, политичките насилници и криминалци кои поради блискоста со владеачката партија се чувствуваат недопирливи во нивното тероризирање на граѓаните во Македонија“, нагласуваат од партијата.

Поврзани новости