Владејачката СДСМ треба да одговори каде е сега убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, и дали заради неговата блискост со Заев и срдечниот поздрав во затворот тој не ја издржува казната во затворот Идризово, се наведува во писмената реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев мора кривично да одговара за поттикнување. Со објавената интегрална снимка се гледа дека докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка со цел да ги доведе во заблуда граѓаните на Република Македонија во врска со убиството на Мартин Нешковски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се посочува дека поради „неговата измама и манипулација“ своевремено 40-ина полициски службеници беа сериозно повредени, десетици лица добија кривични прекршочни пријави, а беше причинета и огромна материјална штета во насилните протести кои следеа после лагите на Заев.
„Време е обвинителството да почне да се меша во својата работа и да покрене постапка против Заев за поттикнување на кривично дело“, се заклучува во соопштението.