756
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара санкции за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за фотографијата што се појави на социјалните мрежи.
На таа се гледа како тој пазарува во продавница без заштитна опрема.
Од опозицијата обвинија дека на овој начин тој промовира беззаконие и побараа одговорност.
„Поминаа 24 часа од фотографијата, а институциите молчат за ваквото беззаконие. Оттука оправдано се поставува прашањето зошто за Рашковски не важат законите кои за другите граѓани важат? Дали неговата функција во Владата во заминување е таа што го прави да биде над законот? Бараме итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.