Од ВМРО-ДПМНЕ ја прашуваат директорката на УЈП Сања Лукаревска зошто не го спречила милионскиот криминал и како УЈП не проверила дека лажно и фактурираат мрежа од фирми.
„Срамота е Лукаревска, како директор на УЈП, а воедно и заменик претседател на СДС за наводен успех да прикажува тоа што и признава на јавноста дека е сторен милионски криминал, преку УЈП и таа не можела да го спречи.
Лукаревска да каже и која е поврзаноста на тие фирми со СДС и ДУИ и дали има лица кои се блиски до тие партии? Буџетот е оштетен, граѓаните се оштетени, а Лукаревска тврди дека нешто открила“ велат од партијата.
Оттаму додаваат дека УЈП требало да ги провери милионските фактури, кои биле фиктивни, а врз основа на кои исплаќала милиони на фирми кои немале никаков имот.
„Од кого сега Лукаревска ќе ги поврати парите на граѓаните? Народот кој го полни буџетот е оштетен, парите наместо за нови училишта или медицински апарати завршиле во нечии џебови. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.