Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок, реагира ВМРО-ДПМНЕ на осудата на министерот за правда, Кренар Лога за личните квалификации од страна на партијата за претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.
-Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи. Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд, реагира ВМРО-ДПМНЕ.