Зоран Заев лаже. Законот е неуставен неприменлив и штетен. Како што ќе минува времето неговата лага ќе стане се поочигледна. Исто како и лагите од предизборието дека двојазичноста била само во главите на вмровците, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Заев.
„Доколку имаше малку доблест денес ќе се извинеше и ќе се срамеше за тоа што вчера ја силуваше демократијата, го погази деловникот и го прекрши Уставот. Тоа не му го кажува само ВМРО-ДПМНЕ, туку и експертската јавност и граѓаните. Сите нив Зоран Заев ги игнорираше и не дозволи никаква дебата за овој противуставен закон кој на сила го донесе. Овој закон беше донесен шверцерски со злоупотреба на европското знаменце, иако и амбасадори и европски авторитети јасно кажаа дека нема никакво реформско значење во нашата евроинтреграција“ – се наведува во соопштението од опозициската партија.