„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, `зелената` партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните. Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката `балансер`, изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи“ соопштија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на `балансерот`. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине“.
„ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови. ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок. ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека `балансерот` е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеност треба и ќе се реши со закон“ е партискиот став.