Неколку минути откако почна собраниска седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, побара пауза од еден час откако претходно реагираше дека ненадејно еден час пред почетокот на седницата дневниот ред е изменет со нова точка, со тоа што како предлог е додадена дополна и измена на Изборниот законик.
-Во очи на формирање на ДИК, во очи на разгледување на изборен законик. Ова е испланирано, седницата беше закажана за 12.00 часот. Во 12.38 стига допис со се предлага промена дополнување на дневен ред ни повеќе ни помалку измени на Изборниот законик. Се обраќам и ги прашува колегите од парламентарно мнозинство дали се согласувате со ваква постапка – рече Данев.
Никогаш во Република Македонија, додаде тој, не се менувал и не се носел Изборен законик без консултации. Според Данев ова жално е за демократијата и за граѓаните кои веруваат во евроаталанските интеграции,
-Почекавте Хан да се качи во авион и да почнете со овие јаки „европски манири“. Чекавте да излезе само од собранискиот дом и многу европски да подметнете ваква дополна и измена. Ова ја понижува интелегенцијата на граѓаните на Република Македонија – рече Данев.