ВМРО-ДПМНЕ преку сооштение ги демантира, како што вели, наводите поврзани со некакво фалсификување на Договорот за јавното обвинителство.
„ВМРО-ДПМНЕ во целост и ги отфрла како груби невистини и шпекулации. Сакаме да нагласиме дека законот се пишуваше во присуство на претставниците на сите партии и со согласност и поддршка од сите партии, со што е комплетно неточно тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ сама го правела законот. Шпекулациите поврзани со оваа тема ВМРО-ДПМНЕ ги гледа во контекст на лични несогласувања во рамки на некои од партиите кои јавно го поддржаа и изгласаа законот и нема намера да се меша во нечии агенди, кои демонстираат неодговорно однесување и се обид за дефокусирање од вистинската цел на законот, а тоа е дознавањето на целата вистина“, се вели во партиското соопштение.
Но, во партиското соопштение нема објаснување како се случило во Собранието да биде изгласана верзија на законот што е различна од онаа што била заклучена на работната група.
Алсат- М објави дека верзијата на Законот за специјално обвинителство била сменета откако конечната верзија била заклучена на работната група, при што било била извадена алинејата според која со Бадентер се одлучува при гласањето за специјалниот обвинител во Советот на обвинители.