Вчерашниот предлог закон за двојазична Македонија од господинот Заев се коси со Уставот. Доволно е само да го видите првиот член од Законот за двојазична Македонија и ќе видите дека овој Закон и овој член се коси со уставните норми од Уставот на РМ. Ние не можеме, ниту смееме да поддржиме закон кој што е спротивен на Уставот, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
-Долго време предупредувавме, и за време на изборната кампања и после изборната кампања дека Заев е марионета која што не ги штити македонските национални интереси, туку истите ги распродава преку Тиранската палтформа, преку договорот со Софија, а се со цел да се искупи од кривичните дела кои што ги направил. Кредитот го плаќа Република Македонија. Нашите национални интереси се дадени на распродажба за да се заштити желбата на господинот Заев, неговата алчност и лакомост и амбиција да остане како премиер на марионетска влада, рече Милошоски.
Според него, кукавички е што на овој закон ќе биде ставено европско знаменце.
– Ова е направено се со цел законот да може да се расправа во Собранието само три дена. Тоа значи дека брзањето на Заев и на Шекеринска, овој Закон за двојазична Македонија да го донесат во Собранието за само три дена и самите се свесни колку е штетен овој закон, и самите се свесни колку народот го чувствува тоа како свое незадоовлство и пониженост затоа што беше излажан, рече Милошоски.