Зоран Заев веќе втор ден се крие од јавноста за трагедијата во Тетово. Дознавме дека моралната одговорност на Венко Филипче ќе зависела од истрагата. Но Филипче треба да знае дека морална одговорност не се утврдува, туку треба да се чувствува, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Во овие траорни моменти најважно е да се има јасна слика за истрагата и преземање на одговорноста. Нема објективна истрага кога Заев и Филипче ќе водат истрага за Заев и Филипче. Затоа тие треба да се повлечат и поднесат оставка.Треба да се дадат одговори ако не е проблем изградбата на болницата, дали тогаш е проблем функционалноста и менаџирањето на истата. Зошто министерството на Филипче не може да го гарантира здравјето на граѓаните?, се вели во соопштението.