ВМРО-ДПМНЕ: Заев вчера најави крах!

by fokus

Зоран Заев и СДСМ ги изманипулираа граѓаните пред избори. Во јуни Заев вети 36.000 денари плата, сега од собрание ретерира и вели 34.000 денари, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните нема да добијат ниту 36.000, ниту 34.000 денари плати, исто како што не добија 30.000 денари плата, која Заев ја ветуваше уште во 2016 година.

Заев вчера и призна дека нема план како да ја води државата.

Заев и СДСМ не ги ни спомнаа земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани кои ги лажеа пред избори.

Заев вчера најави крах.

Заев најави криза од есен, 6 – 8 месеци тежок период за граѓаните и економијата. Тоа е се заради неговата неспособност.

СДСМ не беше во можност да се справи со првиот бран на коронавирусот и позајми над 1 милијарда евра, за кои никој не знае каде завршија. А сега прогнозира уште потешка криза и тоа која ќе трае подолго од првата. Кига за првата потриши 1 милијарда, колку ќе потроши за втората?! И кои ќе бидат последиците врз економијата?!

Заев само не тоне како држава. Хаосот ќе продолжи, исто како и криминалот, корупцијата, рекетот и сиромаштијата, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости