ВМРО-ДПМНЕ: Заев со закон ќе овозможи поголем профит на фирмата за канабис на својот братучед

by fokus

Зоран Заев ќе поднесе измени на закон со кој ќе овозможи извоз на канабис за поголем профит на фирмата на својот братучед, критикува опозицијата откако премиерот Зоран Заев изјави дека се бара решение како да се овозможи извоз на сув цвет од канабис.

-Заев сака да овозможи извоз на непреработена марихуана, а не како до сега на масло за медицински потреби. Наместо да работи за граѓаните, работи за фирмите на семејството.Државата тоа е Заев, тој како Луј 14 се поставува над целиот систем и продолжува да го брани Рашковски кој цела држава го виде со рацете во медот, во набавка на милионски софтвери. Заев е тргни застани политичар. Без став и без концепт. Битиќи вели има, Заев вели нема кризен данок. Кој лаже?, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев пак тврди дека од вкупно издадените 61 лиценца, само една е на член на неговото семејство, односно на неговиот прв братучед.

-Од 61 лиценца, една е на член на моето семејство, на мој прв братучед. Останатите 60 се на други инвеститори во државата, домашни и странски. Во еден наврат мојот братучед и јавно рече „да ја затворам компaнијата ако е пречка за сите други“. Но, во сите македонски компании работат наши граѓани, платата е меѓу 700 и 1.500 евра. Во однос на поднебјето и климатските услови сме попримамливи и од Португалија, а како дестинација сме една од најпривлечните за инвестиции во медицински канабис, тврди Заев.

Поврзани новости