Зоран Заев е новиот Барон Михаузен кој мисли дека со лаги и измислици ќе може да ја дефокусира јавноста од капитулантското дело, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју на премиерот Зоран Заев.
-Тој иако јавно ветуваше дека нема да дозволи промена на уставот, не само што прифати негова промена, туку и самиот грчки Премиер Ципрас изјавува дека македонска националност не се признава со договорот. Тоа значи дека со договорот се задира и менува идентитетот на македонскиот народ. Зоран Заев не го демантираше ниту грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас кој кажа “не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена”. Ова значи дека со договорот се прифатени сите грчки барања. Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, министерства, државни органи, МАНУ, личните карти, пасошите. Зоран Заев е националната катастрофа за Република Македонија, цунами кое создава економски и политички пустош. Заев во изминатата година покажа дека оваа влада не сработи ништо, и веќе е докажано дека нема да биде подобро, ниту за граѓаните ниту за државата. Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.